Лидер.ком.мк објави, од извори од Министерството за образование и наука, дека причината поради која Рената Дескоска ќе биде сменета од Министерството за образование е дека таа се спротиставила да се менуваат македонските учебници по историја по бугарски терк, односно да се менува македонската историја.
“Не станува збор за бришење на историја или измена, тоа е апсурдно кој било да помисли тоа да го прави. Ние сакаме да им дадеме на нашите ученици можност да учат од учебници кои не содржат грешки. Такви процеси не сме почнале, ниту некој официјално побарал од нас. Сега главно фокусот ни е на оние учебници, претежно од природните науки, граѓанското образование, оние каде што лесно се забележуваат грешките” изјави тогаш Рената Дескоска во интервјуто за Радио Слободна Европа.
Нов министер за образование ќе биде Арбр Адеми од ДУИ. А Рената Дескоска ќе стане Министер за правда.