Петре Шилегов го потврди тоа што го знаеше целата македонска јавност. Невладиниот сектор под контрола на Сорос не е невладин сектор туку продолжена рака на СДСМ, изјави на денешната прес конференција, Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение го пренесуваме целиот текст интегрално:
Петре Шилегов денеска се промовираше и во портпарол на невладините организации под контрола на Сорос и докажа дека вандализмот, демолирањето, нападите врз полицијата и уништувањето на културно историските споменици е заеднички план на СДСМ/Сорос.
СДСМ/Сорос беа поразени на овие избори. Мнозинството граѓани му дадоа црвен картон на аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговите НВО послушници кои две години ја држеа Република Македонија во криза и нанесоа огромни финансиски штети.
Законите мора да важат подеднакво за сите граѓани во Македонија. Законите мора да важат и за аболицираниот криминалец Зоран Заев и за сите негови послушници. Заев мора да одговара за криминалот што го сторил и има причина зошто и тој и Петре Шилегов треба да се плашат.
Граѓаните гласаа за крај на кризата и за крај на криминалното и деструктивно сценарио на Зоран Заев.