дома Актуелно ДЕТАЛИ ЗА АТЕНТАТОТ ВРЗ ТОДОРОВ: Тодоров бил пресретнат на скалите, обезбедувањето реагирало...

ДЕТАЛИ ЗА АТЕНТАТОТ ВРЗ ТОДОРОВ: Тодоров бил пресретнат на скалите, обезбедувањето реагирало веднаш!

Никола Тодоров бил пресретнат на скалите пред Министерството за здравство, во моментот кога доаѓал на примопредавање на должноста.

Според информациите, напаѓачот чекал на скалите и кога дошол Тодоров испалил еден куршум кон него, а обезбедувањето веднаш реагирало и го повлекло Тодоров кон Министерството, а напаѓачот успеал да испука уште еден куршум, по што бил совладан од припадниците на МВР.

За среќа во целиот инцидент нема повредени, а Тодоров бил видно вознемирен, пишува Прес 24. Од МВР за Република го потврдија случајот, лицето кое пукало кон Тодоров е Љупчо Стојановски 57 годишен граѓанин од Велес.