дома Хроника Детали за несреќата вечерва во Аеродром – автомобил се лизгаше на кров...

Детали за несреќата вечерва во Аеродром – автомобил се лизгаше на кров 50 метри

Тешка сообраќјана несреќа се случи вечерва во скопската населба Аеродром. Возило удрило во жардиниерата на средината на булеварот „Јане Сандански“ и се превртело.

Според очевидци возилото се лизгало 50тина метри на покрив после автобуската кај ТЦ Бисер во правец кон Ново Лисиче.

Возачот бил сам во возилото и нема посериозни повреди.