дома Балкан Детали за нacилството на Косово: Има повредени и косовски полицajци, се водела...

Детали за нacилството на Косово: Има повредени и косовски полицajци, се водела вистинска вojна

Шест полицајци се повредени, а тројца се уапсени на крајот од денешната акција на косовската полиција против шверц во северно Косово, соопшти полицијата.

Косовскиот премиер Албин Курти нагласи дека денешната акција на косовската полиција била насочена против шверц во Приштина, Пеќ и северните и јужните делови на Косовска Митровица.

Курти, изјави дека на денешната акција на косовската полиција и претходела интензивна истрага и дека е спроведена по наредба и во координација со надлежното обвинителство и суд. Курти објави дека „се запленети стоки и докази, што претставуваат материјални докази“.

Криминалот и криминалните групи нема да бидат толерирани и ќе бидат потиснати. Ќе се бориме против шверцот и ќе го спречиме тоа, напиша Курти.

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел денеска повика на итен прекин на насилствата и на едностраните потези на северот од Косово. Реакцијата на Борел доаѓа по денешните акции на косовската специјална полиција на повеќе локации на северот од Косово, при кои дојде до судири со српското население.

Сите отворени прашања мора да се решат преку дијалог со посредство на ЕУ, наведе Борел, нагласувајќи дека Брисел е во контакт со Белград и Приштина.

Српската премиерка Ана Брнабиќ повика на ангажман на НАТО, КФОР и меѓународната заедница.

Таа посочи дека ситуацијата е повеќе од драматична и дека „ова е последниот момент во кој е неопходна јасна реакција за да се запре налудничавата политика што ја води Приштина“.

„Ваквото однесување ја надмина секоја мерка и не носи на работ на хаос“, предупреди Брнабиќ.

Српскиот претседател се упати кон Рашка, во јужна Србија, каде што попладнево ќе се сретне со српските претставници од северно Косово.

Директорот на српската Канцеларија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ и ги повика КФОР и меѓународната заедница итно да ги заштитат косовските Срби.

Ова е вистински момент да го слушнеме одговорот од меѓународната заедница, која е должна да го одбрани српскиот народ, рече Петковиќ.

Меѓу десетината повредени, беше застрелан и тешко повреден Среќко Софронијевиќ (36), за кого се борат за живот во болницата во Косовска Митровица, додаде тој.

Претходно Инфомакс пишуваше дека употреба на огнено оружје имало од двете страни, како од косовската полиција така и од Србите на Косово.