дома Актуелно ДЕТАЛИ ЗА ПОПЛАДНЕВНИОТ ЗЕМЈОТРЕС: По речиси цела недела, повторно активирано тлото во...

ДЕТАЛИ ЗА ПОПЛАДНЕВНИОТ ЗЕМЈОТРЕС: По речиси цела недела, повторно активирано тлото во Скопје

Попладнево во 15.57 нов земјотрес го потресе Скопје и предизвика помала паника кај жителите на главниот град, откако по десетина дена ова е прв земјотрес кој беше почувствуван во главниот град

Епицентарот на земјотресот повторно е во близина н Гази Баба, односно подрачјето кое беше поплавено на почетокто на Август годинава.

Силината на потресот била 2.4 според Рихтеровата скала, како што информираат од европскиот Медитерански сеизмолошки центар, по податоците добиени од Македонската сеизмолошка опсерваторија. Истиот се случил на длабочина од 1 километар.