дома Македонија ДЕТАЛИ ЗА РЕАКЦИЈАТА НА СТОИЛОВ: „Се чувствувам засрамено и понижено“ – се...

ДЕТАЛИ ЗА РЕАКЦИЈАТА НА СТОИЛОВ: „Се чувствувам засрамено и понижено“ – се пожалил Стоилов, ја треснал вратата од салата во „Александар Палас“

Капитенот на РК Вардар, пикерот Стојанче Стоилов станал и си заминал кога слушнал дека добитниците на наградите од училишта од Тетово и Чаир ѝ се обраќаат на публиката на албански јазик.

Првите две награди за училишен и за средношколски спорт заминале кај училишта од Чаир и од Тетово, при што тетовскиот добитник на признанието на присутните им се обратил на албански. Стоилов збеснал, станал и си заминал трескајќи ја вратата на заминување.

Се чувствувам засрамено и понижено – се пожалил искусниот ракометар во вибер-групата на репрезентативците кои се сместени во хотелот во кој се одржа манифестацијата.

Стоилов беше избран за „Најдобар спортист на Македонија за 2017 година“ на истава манифестација, што ја организира Агенцијата за млади и спорт.

Годинава признанието им припадна на Емил Павлов и Сара Ристовска.