дома Хроника ДЕТАЛИ ЗА СООБРАЌАЈКАТА НА АВТОПАТОТ ВЕЛЕС-СКОПЈЕ: „Рено“ се преврте на автопатот Велес-Скопје,...

ДЕТАЛИ ЗА СООБРАЌАЈКАТА НА АВТОПАТОТ ВЕЛЕС-СКОПЈЕ: „Рено“ се преврте на автопатот Велес-Скопје, едно лице повредено!

Рено со ресенски регистарски ознаки попладнево околу 16:15 часот се превртело од засега непознати причини на автопатот Велес-Скопје, кај клучката за Штип.

Од МВР за Курир информираат дека во возилото било само едно лице.

Возачот со повреди е пренесен во велешката болница за укажување на лекарска помош. Засега нема подетални информации за карактерот на повредите.

Полициски екипи вршат увид на местото на несреќата.