April 18, 2024, 11:07 am

Детали за yбиcтвото во Tетово: Жената која го ycмpти сопругот постојано приjaвувала семејно нacилcтво

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Жената која утрово го усмртила својот невенчан сопруг, постојано пријавувала семејно насилство, пренесува албанскиот портал ИНА повикувајќи се на свои извори.

39-годишната жена денеска претпладне самата се пријавила во тетовската полиција дека половина час претходно го убила невенчаниот сопруг. Таа истакнала дека употребила тврд предмет при убиството на 51 годишниот маж.

Во 11:35 часот во СВР Тетово А.С. (39) од Тетово пријавила дека околу 11:00 часот во семејниот дом во Тетово извршила убиство на нејзиниот 51-годишен невенчан сопруг А.И. Според пријавеното, во извршувањето на кривичното дело осомничената употребила тврд предмет, информираше портпаролот Марјан Јосифоски.

Според информациите од ИНА, таа го усмртила со чекан откако тој ја нападнал.

Жената родена во Прилеп постојано пријавувала насилство од страна на нејзиниот сопруг Албанец од Тетово во полиција. Последната расправија била мотивот на убиството, каде жената покрај повредите што ѝ ги предизвикал сопругот, го удрила со чекан по глава, оставајќи го без знаци на живот!, пишува порталот.

На местото на настанот извршен е увид од Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово, а безживотното тело предадено е за обдукција. По документирање на случајот против А.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This