дома Хроника Детали од МВР за автобусот кој се зaпали во Аеродром

Детали од МВР за автобусот кој се зaпали во Аеродром

На булевар „Трета македонска бригада“, кај „Раде Кончар“ пријавено е дека во 18:50 часот настанал пожар во автобус на Јавно сообраќајно претпријатие- Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.

Од страна на УПС од Полициската станица Аеродром, констатирано е дека на местото на настанот автобусот е опожарен во задниот дел кај моторот.

Територијална противпожарна единица на Град Скопје информира дека нема повредени лица.