дома Хроника Детали од МВР за бomбaта која беше фpлена кyќaтa нa Гaбpиeл Бajpaм

Детали од МВР за бomбaта која беше фpлена кyќaтa нa Гaбpиeл Бajpaм

На 03.10.2021 во 00,13 часот во СВР Скопје Г.Б.(40) од Скопје пријавил дека на 02.10.2021 околу 23.56 часот во дворно место од куќа во негова сопственост на подрачје на Чаир непознат сторител фрлил експлозивна направа која предизвикала оштетување на ограда, врата, прозорци и фасада на куќата.

Нема повредени лица. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Како што објави Фокус утрово, Габриел Бајрам во повеќе наврати добил закани од непознати лица кои му вршеле притисок да се повлече од изборите. Бајрам заканите ги пријавил во полиција.

Бајрам е кандидат за советник на град Скопје, на 10 место на листата на СДСМ, а неговиот помал брат Елвис е носител на листата за советници на СРМ во Шуто Оризари.