дома Хроника Детали од МВР за yбиcтвото во Струга

Детали од МВР за yбиcтвото во Струга

Сопруг со повеќе убоди од нож ја убил својата пет години помлада партнерка, вечерва во Струга, а потоа се обидел да се самоубие.

Информацијата ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, според кој, жената им подлегнала на повредите на местото, а мажот е пренесен во болница во тешка состојба.

Во 19 часот и 15 минути пријавено е дека во Струга, на улицата „Ристо Крле“ при расправија со својот сопруг, С. Р. (1987) од убод од нож е повредена и им подлегнала на повредите. Смртта ја констатирала екипа на Итната медицинска помош, а Ј. Р. (1982) е повреден и е пренесен во Општата болница – Струга, изјави Димоски.

Брачниот пар имал и малолетни деца.

Полицијата, додаде, работи на расчистување на случајот.