дома Хроника ДЕТЕ ПЕШАК ПРЕГАЗЕНО ВО САРАЈ: Осум годишно дете префрлено на Клинички откако...

ДЕТЕ ПЕШАК ПРЕГАЗЕНО ВО САРАЈ: Осум годишно дете префрлено на Клинички откако било удрено со автомобил

Во текот на вчерашниот ден во 18:05 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека во с.Сарај патничко моторно возило “Цитроен Берлинго“ со скопски регистерски таблици, управувано од Ј.И.(32) од с.Љубин-скопско, удрило во дете-пешак на возраст од осум години од с.Сарај, информираат од МВР.

По незгодата детето било пренесено во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на настанот.