дома Македонија ДЕЦАТА ЖРТВИ НА ХУНТАТА: Шилегов и ЈСП испратија фактура од 53.000 денари...

ДЕЦАТА ЖРТВИ НА ХУНТАТА: Шилегов и ЈСП испратија фактура од 53.000 денари на здружението „Бадникови поворки“

Здружението „Бадникови поворки“ за превоз на децата од општините до црквата „Свети Димитрија“, денеска од ЈСП „Скопје“ добило фактура во износ од 53.000 денари.

За превозот на децата биле изнајмени вкупно 18 авотбуси – двокатни, нископодни и минибуси.

Во саботата околу 7.000 деца беа дел од „Бадниковата поворка“. Децата прво одеа кај градоначалниците на општините, каде ја пееја божикната песна „Вечниот бог“, а градоначалниците ги даруваа со пакетчиња и подароци. Потоа со автобуси дојдоа пред црквата „Свети Димитрија“ од каде во поворка се упатија кон Соборниот храм каде се одржуваше традиционалната бадникова прослава.