дома Македонија ДЗС нема да бара продолжување на рокот на попишување

ДЗС нема да бара продолжување на рокот на попишување

Државниот завод за статистика нема да бара продолжување на рокот на попишување. Директорот Апостол Симовски, за ТВ21 рече дека нема потреба од пролонгирање на рокот, бидејќи е убеден оти целиот процес ќе биде комплетиран навреме.

„Ние не сме побарал пролонгирање на рокот за пописот, имаме уште еден ден заклучно со утре ќе завршиме. Организраме на сите можни начини“, изјави Симовски.

Тој вели дека е разбирливо некој да остане последен попишан. Додава дека е среќен што граѓаните реагирале што попишувачите сѐ уште не ги посетиле.