Според првичните податоци објавени на вебстраницата на ДИК, за градоначалник на Скопје обработени се 79,85 отсто од гласовите.
Според овие податоци, независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска освоила 67 802 гласа, додека кандидатот на СДСМ Петре Шилегов 63 865 гласа и според тоа тие двајцата ќе се соочат во вториот круг на 31 октомври.
Зад Арсовска и Шилегов е Петар Георгиевски од Левица со освоени 15 611 гласа, потоа Арбен Шакири од ЛДП/ДОМ со 7 377 гласа и Ана Петровска од Зелен Хуман град со 7 147 гласа…