April 25, 2024, 12:39 am

ДИК ги oбjaви кoнeчнитe peзyлтaти: Излeзнocтa нa лoкaлнитe избopи е 51%, еве кoи се избpaните гpaдоначалници и кaдe ќe имa втop кpyг

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Државната изборна комисија ги објави конечните резултати од локалните избори кои се одржаа на 17 октомври. Правото на глас го оствариле 938.631 граѓани, односно излезноста изнесува 51,44%. Овие податоци се наведени на веб – страницата на ДИК.

Според резултатите во првиот круг, еве кои кандидати за градоначалници се избрани од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ:

Аеродром – Тимчо Муцунски

Босилово – Ристо Манчев

Бутел – Дарко Костовски

Велес – Марко Колев

Виница – Миле Петков

Гази Баба – Бобан Стефковски

Ѓорче Петров – Александар Стојковски

Градско – Киро Нацков

Зрновци – Борчо Коцев

Илинден – Александар Ѓоргиевски

Јегуновце – Димитар Костадиновски

Кавадарци – Митко Јанчев

Карбинци – Виктор Паунов

Могила – Драганчо Сабатковски

Неготино – Горан Стојанов

Новаци – Стевче Стевановски

Петровец – Борче Митевски

Прилеп – Борче Јовчевски

Свети Николе – Дејан Владев

Сопиште – Стевче Трпковски

Штип – Иван Јорданов

Ова се избраните кандидати за градоначалници од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“:

Берово – Звонко Пекевски од СДСМ

Богданци – Блаже Шапов од СДСМ

Валандово – Перо Костадинов од СДСМ

Делчево – Горан Трајковски од СДСМ

Дојран – Анго Ангов од СДСМ

Крива Паланка – Сашко Митовски од СДСМ

Кривогаштани – Николче Мицковски од СДСМ

Крушево – Томе Христовски од СДСМ

Струмица – Константин Костадинов од СДСМ

Еве кои кандидати за градоначалници од ДУИ се избрани во првиот круг:

Липково – Еркан Арифи од ДУИ

Сарај – Блерим Беџети од ДУИ

Иако кандидатот за градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски од коалицијата предводена од ВМРО – ДПМНЕ, според првичните резултати, победи во првиот круг од локалните избори, сепак за во оваа општина има поднесено приговор и поради тоа, исто како во Дебар и Пласница, допрва ќе се изнесат овие резултати. Државната изборна комисија конечните резултати од овие општини ќе ги објави откако ќе истече рокот за поднесување на тужба до Управниот суд за решенијата на приговорите.

Втор круг од локалните избори ќе има во Град Скопје, како и во следниве општини:

Арачиново

Битола

Боговиње

Брвеница

Василево

Вевчани

Врапчиште

Гевгелија

Гостивар

Дебарца

Демир Кампија

Демир Хисар

Долнени

Желино

Зелениково

Карпош

Кичево

Конче

Кочани

Кратово

Куманово

Лозово

Македонска Каменица

Македонски Брод

Ново село

Охрид

Пехчево

Пробиштип

Ранковце

Ресен

Росоман

Старонагоричане

Струга

Студеничани

Теарце

Тетово

Центар

Чаир

Чашка

Чешиново облешево

Чучер сандево

Шуто оризари

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This