дома Актуелно ДИК: На 25 декември ќе се прегласува во Теарце, на избирачкото место...

ДИК: На 25 декември ќе се прегласува во Теарце, на избирачкото место 2011

Државната изборна комисија во текот на денот ќе одржи седница на која ќе треба да се донесе само заклучок за повторување на гласањето на избирачкото место 2011 во Теарце.

Гласањето ќе се одржи на 25 декември.

Одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да не учествува на гласањето за нас нема никакво значење. На гласачкото ливче ќе стојат сите кандиидати на партиите и коалиците кои се пријавиле на предвремените парламентарни избори на 11 декември. Гласањето на гласачкото место 2011 ќе го спроведе истиот избирачки одбор, истата општинска изборна комисија. За нив ќе организираме уште една една мала доедукација“, изјави  Љупка Гугучевска, портпаролка на ДИК.

На гласачкото место 2011 запишани се 714 гласачи. Разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Избирачката единица 6 е 307 гласа.

За ВМРО-ДПМНЕ гласале 91 гласач, а за СДСМ 87. Излезноста беше 56,58 отсто.

Во целата Изборна единица 6 за ВМРО-ДПМНЕ гласале 26.135 гласачи, а за СДСМ 25.828.

Прегласувањето би можело да го смени целокупниот изборен резултат.

Резултати од ИЕ6