Димитриевска Кочоска: Четвртиот пакет на мерки е задоцнет, бројките во економијата го потврдуваат тоа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Гордана Димитриевска Кочоска, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Бизнис поенти“ зборуваше за четвртиот сет на мерки и потенцираше дека тој пакет на мерки е зaдоцнет. Имено таа укажа и на проекцијата на ЕБРД каде јасно се гледа дека Република Македонија годинава има најголема корекција на БДП и тоа докажува дека мерките се зaдоцнети.

-Ние како ВМРО-ДПМНЕ а и јас стојам на ставот дека дефинитивно четвртиот пакет на мерки е задоцнет. Ако се вратиме уште од почетокот, првиот и вториот пакет на мерки беа некаде околу 1.2% од БДП и со тој пакет на мерки се предвидуваше дека ние годинава ќе имаме 3.4% пaд на БДП. Тој прв и втор пакет на мерки беа составен дел на ребалансот на буџетот, прво беа мерките па после дојде ребалансот на буџетот кој што исто така уште кога бев технички заменик министер за финансии го зборував тоа дека сме зaдоцнети со ребалансот на буџетот. Така да тие два пакети на мерки влегоа во тој ребаланс на буџетот, влезе нешто и од третиот пакет на мерки, меѓутоа гледаме дека тој што било планирано, а беше 3.4 % пaд на БДП за годинава не е оcтварливо. Дека тоа е така говор и фактите односно дека 6.4% имаме пад на БДП во првата половина од годината, до крајот на годината би требало да имаме пад 0.7% во однос на минатата година за да може да го извадиме оној проектиран пaд на БДП од 3.4%. За жaл она што се случува во последниве денови, а тоа е покрај проекцијата на ММФ, излезе и проекцијата на ЕБРД и во таа проекција јасно е наведено Македонија има корекција на БДП за годинава најголем, а тоа е 1.5% надолу од тоа што првично ЕБРД го проектирала. 1% има пaд кај Црна Гора, 5 % кај Босна и кај сите останати земји имаат иста проекција за следната година ЕБРД го нaмалува нашата проекција за 2.5% што јасно кажува дека мерките се навистина задоцнети. Ние можеме да зборуваме дали е тоа така меѓутоа бројките во економијата го потврдуваат тоа, ние не можеме да разговараме на друг начин кога имаме факти, истакна таа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This