Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски реагираше на шовинистичките изјави на бугарскиот министер за одбрана и вицепремиер, Красимир Каракачанов. Тој апелираше до министерството за надворешни работи да реагира за навредливите и понижувачки изјави и веднаш да го повика бугарскиот амбасадор и да му врачи остра протесна нота.
Ваквата изјава е навреда не само за премиерот туку и за целиот Македонски народ и сите наши граѓани, напиша Димитриевски на фејсбук.
Димитриевски побара доколку премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, не се огради од ваквите навредливи изјави на Каракачанов, итно да се стопираат разговорите и преговорите во врска со едностраниот спор.
Срамни и понижувачки се ваквите шовинистички изјави на Каракачанов. Доколку Премиерот на Република Бугарија г-дин Борисов не се огради од ваквите навредливи изјави на неговиот Вице Премиер Каракачанов потребно е да се стопираат разговорите и преговорите во врска со едностраниот спор. Да се изгради сеопшт национален консензус во Македонија по прашањето и да се продолжи понатаму со разумни луѓе од другата страна кои што нема да провоцираат и собираат евтини политички поени туку ќе бараат решение. Ваквата изјава е навреда не само за премиерот туку и за целиот Македонски народ и сите наши граѓани. Очекувам дека и колевката на демократијата и човековите права и слободи Европската Унија и официјално ќе ги осуди ваквите навредливи изјави од страна на бугарските официјални лица. Министерството за надворешни работи веднаш треба да го повика бугарскиот амбасадор и да му врачи остра протесна нота, напиша тој на фејсбук.