дома Актуелно Димитриев ќе оствари средба со евроамбасадорот Жбогар

Димитриев ќе оствари средба со евроамбасадорот Жбогар

Претседателот на Владата на Република Македонија Емил Димитриев, денеска ќе оствари средба со евроамбасадорот и шеф на Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија,  Самуел Жбогар.

Во рамките на средбата евроамбасадорот Жбогар ќе го предаде Извештајот за напредокот на Република Македонија кон Европската Унија за 2016 година.

По средбата е предвидена изјава за медиумите на претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите, Емил Димитриев и евроамбасадорот Самуел Жбогар.

Место на одржување на настанот е Владата на Република Македонија, а време на започнување е 17:30 часот.