Димитриеска-Кочоска: Влacтa и Заев нa kpиминaлeн нaчин coпcтвeнocта нa Гaмa пoмeѓy дpжaвaтa – Република Македонија и Макпетрол ja нaпpaви фифти-фифти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

-Гама е проблем што постои повеќе од една деценија. Судски спор помеѓу државата и Макпетрол. Проблемот почнува кога се бара колку е процентот на сопственост на државата во Гама. Би се навратила наназад, кога државното правобранителство доставува една информација во август 2019-та година до Владата, во кое што објаснува дека тие ја застапуваат државата, односно дека во името на државата го штителе интересот на државата наспроти Макпетрол. Во овој извештај има допис од Макпетрол уште од 1987, па 1992 година до Владата на Република Македонија насловен како Дефинитивен начин за затворање на финансиската конструкција, тоа значи колку секој од договорените страни ќе вложи во новото друштво кое се вика Гама. Тука пишува влогот на државата е 51,7 проценти. Подоцна во 1995 година стои дека Макпетрол АД Скопје ќе учествува со најмногу 49 проценти од билансираните средства од инвестиционата вредност за реализација на гасоводниот систем. Тоа значи дека државата ќе ја има одлучувачката контрола, посочи Гордана Димитриеска – Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во вчерашната емисија “Заспиј ако можеш” на Алфа телeвизија.

Веќе во 2019-та година државата доставува до државното правобранителство спогодба и бара правобранителството истото да го склучи. И тука почнуваат некакви преписки. Кој е одговорен за тоа, дали може тоа да го реши, не може, владата не е одговорна за тоа и така натака. И во тој период Владата вели, односно укажува дека склучување на доставената спогодба вон судско решавање на спор, би предизвикала последици спротивни на имотните интереси на Република Македонија и сметаме дека истата не треба да биде потпишана, објаснува Димитриеска – Кочоска.

-На 5 ноември 2019-та во Виена, има ситуација пред Секретеријатот на енергетската заедница, каде вицепремиерот за економски прашања и уште еден член на Владата одат и потпишуваат медијација, односно спогодба во која што се согласуваат дека влогот на државата и Макпетрол е 50 – 50 проценти. Значи со една вонсудска спогодба, после години, години судски спорови сме се договориле фифти – фифти. Како може државата да се откаже од својот имот. Јас не сум правник, со овој случај некој треба озбилно да се позанимава, вели Димитриеска – Кочоска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This