дома Спорт Димитриоски: Можеби на среќа, можеби со знаење, но како и да е...

Димитриоски: Можеби на среќа, можеби со знаење, но како и да е – победивме!

Тимот на Металург е новиот сензационален победникот во Купот на Македонија, откако на пенали беше подобар од фаворизираниот Вардар. Тренерот на металурзи, Оливер Димитриоски вели дека тоа што им го кажал на играчите пред натпреварот било клучот за победата.

„Јас во неколку наврати кажувам дека ние играме тимски, се потврди тимската игра, се потврди желбата за победа. Издржавме, победивме, можеби на среќа, можеби со знаење и тоа е тоа. Моментот што го реши натпреварот е тоа што им реков пред стартот – излезете на терен и уживајте во играта“, изјави Димитриоски.

Металург до крајот на сезоната го очекуваат уште три натпревари од разигрувањето за титулата во Суперлигата.