дома Политика Димитров наоколу зборува дека Заев бил спремен да потпише со Бугарија, ама...

Димитров наоколу зборува дека Заев бил спремен да потпише со Бугарија, ама тој го спpeчил

Александар Николов од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 изнесе тврдење дека вицепремиерот Никола Димитров брифирал новинари дека тој го спречил премиерот Зоран Заев да потпише се што Бугарија побарала.

-Сакам да го прашам Зоран Заев дали знае дека неговиот потпретседател оди низ Македонија и брифира новинари и креатори на јавното мислење дека тој, Никола Димитров е причината што не потпишал Договор со Бугарија? Односно Заев бил подготвен да потпише договор со Бугарија, меѓутоа Димитров го спречил и тоа успеал да го направи преку скопското крило на СДСМ.

Дали е вистина дека е Заев е незадоволен од работата на историската комисија и дали се прави обид да се компромитираат дел од членовите со цел комисијата да биде распуштена и да биде поставен нов состав од МНР што ќе потпише се што Заев ќе побара?, прашаува Николов.