дома Македонија Димитров: НАТО ја исправи грешката за именувањето „граѓанин на Северна Македонија“

Димитров: НАТО ја исправи грешката за именувањето „граѓанин на Северна Македонија“

По критиките во јавноста дека во графата за државјанство НАТО ја користи формулацијата „граѓани на Северна Македонија“, реагираше Министерството за надворешни работи.

Министерот Никола Димитров на својот Твитер-профил информираше дека станува збор за грешка која е поправена.

Зборувавме со НАТО и ја поправија грешката. Благодарност до добронамерните на укажувањето. За некои пак, веќе нема да има причина за (зло)радост. Инаку, графата е за државјанство, не за етнички идентитет. Nationality и citizenship се синоними, иако националност и државјанство не се, напиша Димитров.