дома Македонија ДИМИТРОВ НЕ СЕ ЧУВСТВУВА КАКО МАКЕДОНЕЦ: По соопштението на грчкото МНР дека...

ДИМИТРОВ НЕ СЕ ЧУВСТВУВА КАКО МАКЕДОНЕЦ: По соопштението на грчкото МНР дека тука не живеат Македонци туку Словени, Димитров ќе гради доверба со Коѕијас!

Комуникацијата меѓу Македонија и Грција се повеќе добива на интензитет, а во таа насока утре ќе има средба меѓу министрите за надворешни работи на двете земји, Никола Димитров и Никос Коѕијас.

Од кабинетот на Димитров информираа дека тема на средбата ќе бидат прашања од билатерален интерес, како и понатамошно зајакнување на мерките за градење доверба.

Денес од грчкото МНР упатија апел до владата на Заев, Албанците и Словените да се договорат околу новото име на државата, додека грчката црква бара промена и на името на МПЦ-ОА.