Димитров открива: Новиот „бугарски нон-пејпер“ е пишуван со англиска граматика

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потпретседателот за европски прашања Никола Димитров беше гостин на Утрински брифинг на Слободна ТВ и се осврна на актуелните теми поврзани со и за Балканот.

Во врска со односите со Бугарија Димитров вели дека на тој план не се случува ништо со оглед на тоа што Бугарија е пред трети вонредни парламентарни избори кои ќе се одржат заедно со претседателските. Оттука, за него тој нон-пејпер што се појави во јавноста е сосема бесмислен.

-Сум гледал и многу нон-пејпери и многу официјални документи. Прво, можам да кажам дека самиот јазик со кој е напишан не соодветствува на англиската граматика. Оттука претпоставувам дека „документот“ е балканска ујдурма, или пак можеби потекнува од кај нас, но тоа е во сферата на шпекулациите, вели Димитров за Утрински брифинг.

Бурни негативни реакции предизвика новиот нон-пејпер за решавање на македонско-бугарскиот спор кој го објави ТВ Клан, за кој од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски рекоа дека не добиле таков документ, а Владата не беше толку категорична дека неговото постоење е лага.

ТВ Клан го објави т.н. нон-пејпер без да наведе извор, со информација дека со содржината се запознаени и Скопје и Софија, како и поважните земји членки на Унијата. Документот содржи неколку точки како насоки за решавање на спорот.

„На Бугарија ќе ѝ се дадат гаранции за зацврстување на сегашниот концепт на нација-држава, при што ќе ѝ се признае историски контекст за бугарското потекло на нејзините граѓани без исклучок, и со тоа Бугарија ќе се ослободи од траумата дека преку малцинските права ќе ѝ се загрози долгорочната стабилност и безбедност“, се вели во документот.

Во Македонија, пак, според нон-пејперот, ќе се засили контекстот на мултиетничкото општество преку вклучување и на бугарскиот „наратив“. Се предлага Бугарите да се внесат во Уставот, а здруженијата на Бугарите да добијат заштита и посебна грижа од државата за да негуваат, да промовираат и да изучуваат сопствен аспект на историските настани и тоа ќе им биде уставно загарантирано. Се додава и дека „мнозинскиот дел од словенскиот народ, кои себе се идентификуваат како Македонци и кои сметаат на историскиот контекст за посебност на македонскиот народ, ќе ја задржат можноста за сопствен аспект и наратив на оваа заедничка историја“.

„Тоа подразбира дека ќе постои единствена фактичката вистина, произлезена од емпириската научна активност, но на која ќе ѝ се овозможи дуален аспект за дефинирање на националниот контекст и значење за двата национални идентитети“, се наведува во нон-пејперот.

Се додава и дека овој дуален систем ќе се применел и во образовниот систем, со дуално објаснување на контекстот на историските настани, вклучувајќи ги и македонскиот и бугарскиот наратив.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This