дома Политика ДИМИТРОВ СО ЈАЛОВ ОБИД ДА ГО ИСПЕРЕ СРАМОТ: Македонија не прислушкувала никого,...

ДИМИТРОВ СО ЈАЛОВ ОБИД ДА ГО ИСПЕРЕ СРАМОТ: Македонија не прислушкувала никого, вели Димитров, заборавајќи дека од Македонија прислушкувала друга служба!

Македонија не наложила никакви разузнавачки акции против Србија, ниту превземала такви мерки, изјави денес Никола Димитров во обид да го амротизира скандалот кој избувна помеѓу Србија и владата на Заев

Според Димитров, Македонската влад ниту имала намера, ниту наредила разузнавачки активности против или на штета на ниту една држава, вклучително и Србија. Но она што избегнува да го одговори Димитров, е изјавата на Дачиќ и Вучиќ во која јасно се укажува на тоа дека со поддршка од Македонските служби, одреден странски фактор вршел офанзивни активности против Србија, нивните дипломати и политичари.

На прашањето дали со тоа мисли на Русија, Александар Вучиќ, децидно одговори дека „на памет не му паднала Русија“.

Оттука произлегува и констатацијата дека, преку Македонија, со ресурси на Македонското разузнавање, а по налог на овој странски фактор кај нас познат како „чадор“ кој активно работеше на инсталирање на марионетската влада на Заев, преку разузнавачки скандали, сега работи на истото сценарио и во Србија.

Со ова, изјавата на Димитров не е ништо повеќе од куртоазно соопштение во кое СДС се обидува да го испере срамот за ваквиот дипломатски скандал.

Претходно, во анализа на порталот Журнал.нет, сега во опасност е големата странска служба која стои зад прислушкувањето во Македонија но и во Србија, бидејќи Српското раководство нема да се двоуми да ги објави доказите за тоа кој прислушкувал и предизвикал криза во Македонија и на Балканот, а сега сака истата таа криза да ја префрли во Србија.