дома Македонија ДИМИТРОВ „MOЛИ“ ВО ЛУКСЕМБУРГ: 14 години чекаме почеток на преговори

ДИМИТРОВ „MOЛИ“ ВО ЛУКСЕМБУРГ: 14 години чекаме почеток на преговори

На министерскиот состанок на земјите членки на ЕУ кои се дел од групата ПЕС, Никола Димитреов пред министрите образложил зошто Македонија заслужува да добие одлука за отпочнување преговори за членство во Унијата.

Во моментов станува збор за одлука за Македонија, земја која 14 години чека почеток на преговори со ЕУ, притоа решавајќи го ,невозможното’ на надворешен план и правејќи целосен демократски пресврт на домашен план. Но, станува збор и за политиката на проширување на ЕУ и за европската перспектива за самиот Балкан. Во суштина, станува збор за тоа дали ЕУ ќе го остави светилникот вклучен”, рекол Димитров пред министрите, според соопштението на МНР.

Состанокот, со кој преседавал германскиот министер за Европа, Михаел Рот, се одржа непосредно пред почетокот на Советот за општи работи на ЕУ.