дома Македонија Димитpoв нajaви пayзa зa пpeговорите co Бугapија

Димитpoв нajaви пayзa зa пpeговорите co Бугapија

Португалија ќе биде заинтересирана да ги продолжи напорите на Германија, а Берлин извести дека останува посветен на ова прашање, вели министерот за надворешни работи Никола Димитров во интервју за МИА.

Според него, ЕУ не може да си го дозволи луксузот и оваа, 2021, да помине исто како 2020, со неуспех во однос на проширувањето. Според него, и Португалија која од 1 јануари го презеде претседавањето со советот на ЕУ, ги има истите мотиви за членство во ЕУ, затоа Димитров се надева дека Португалија да ги ислуша прашањата на Македонија.

Шефот на дипломатијата рече дека ЕУ со неспроведувањето на одлуката за проширување испрати негативен сигнал за сите земји од регионот. Димитров најави пауза за преговорите со Бугарија, додека кај нашиот сосед кој постави вето, не завршат изборите закажани за 28 март. Според него, сега е време да се фокусираме на внатрешните реформи.