дома Македонија ДИМКОВ: Владата на СДСМ е Влада за една употреба која дојде на...

ДИМКОВ: Владата на СДСМ е Влада за една употреба која дојде на власт без да победи на избори!

 
Рејтингот искрено, односно резултатите ви се лоши на сите области. Сите закони што ги правите, што ги предлагате според мене и според анализите гледам дека има слаба реализација, потенцира Трајче Димков, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата при гостувањето на „Само Вистина“.

Димков појасни дека ВМРО-ДПМНЕ стои на ставот дека не прифаќа промена на името, и оти за него лично тоа е неприфатлива варијанта.

-Може да зборуваме за се и сешто и за многу работи. Ние не велиме дека се почнува од Македонија меѓутоа со спогодбата, со договорот со Бугарија и со многу други работи на Македонија и се стопираат некои историски моменти кои сме ги имале. Значи не е така чесно.

 На изборите не победивте. Затоа зборувам дека сте Влада за една употреба. Се направи коалиција со намера ова да се случи, посочи Димков.