На средбите со различни категории на граѓани кои што денес во Велес ги имаше носителот на Изборната единица 3 Илија Димовски, се говореше за спортот во Велес како да се подобрат досегашните резултати, но и за целокупната спортска инфраструктура која се планира во оваа изборна единица.
Димовски кој во својот роден град се пофали со значителна поддршка кои што ја добиваат спортските клубови од страна на локалната самоуправа и најави продолжување со градба на нови игралишта, реконструкција на спортската сала Гемиџии како и голем број на проекти во Источна Македонија.
– На првата средба разговаравме за спортот. Во Велес во изминатиот период се направи многу околу спортска инфраструктура, се реконструираа објекти, се создаде услов за динамичен развој на спортот но уште побитно, се поддржа реобновување и финансирање на спортски клубови кои што се натпреваруваат во најврвните спортови што секако наидува на огромно задоволство на нашите сограѓани било тоа да е ракометот, одбојката, фудбалот, кошарката, малиот фудбал, рече Димовски.
На средбата се разговараше и за проектот од програмата на ВМРО-ДПМНЕ кои што ќе значи ослободување на фирмите на дел од данокот на добивка доколку се решат да финансираат некој спортски клуб. Овој проект долго време беше баран од страна на спортистите и спортските работници и сега на големо задоволство на сите ќе започне да се применува од јануари следната година.
– На огромно задоволство продискутиравме за концептот за финансирање на спортските клубови преку