дома Македонија ДИМОВСКИ ВО ЛОДНОН: На годишната сесија на ПС на НАТО

ДИМОВСКИ ВО ЛОДНОН: На годишната сесија на ПС на НАТО

На годишната сесија на ПС на НАТО во Лондон, покрај значајните редовни активности на македонската делегација, остваривме и повеќе билатерални средби со делегации на земји членки и партнери на НАТО.

Посебно внимание посветивме на средби со делегации од држави членки на НАТО кои сеуште го немаат ратификувано протоколот за членство на Република Македонија, како САД, Италија, Исланд, Франција и Холандија, при што добивме силни уверувања за брза ратификација на протоколот во следниот краток период.

Покрај со овие делегации, остваривме средба со претседателката на ПС на НАТО Медлин Мун, делегациите на Грција, Украина, Србија, Турција, Австрија, Латвија, Албанија и Црна Гора.