дома Македонија ДИМОВСКИ ГО ДОБИ ИЗВЕШТАЈОТ: Џафери го достави извештајот за paзpeшување на Катица...

ДИМОВСКИ ГО ДОБИ ИЗВЕШТАЈОТ: Џафери го достави извештајот за paзpeшување на Катица Јанева

Претседателот на Собранието Талат Џафери го достави извештајот на Советот на јавни обвинитeeли за paзрешување на специјалната јавна обвинителka Катица Јанева до претседателот на собраниската Комисија за избори и именувања Илија Димовски, информираат од Собранието.

Според собраниската процедура Димовски, сега треба да закаже седница на која ќе се одлучува за paзрешувањето на Јанева.

Комисијата ќе треба да одлучи дали седницата ќе биде отворена за јавност или зад затворени врати.

Според собранискиот Деловник откако ќе заврши расправата на Комисијата, претседателот на Собранието ќе треба да свика пленарна седница за разрешувањето на Јанева. Конечната одлука на пратениците ќе треба да крајот да ја потврди и Советот на обвинитeeли.