дома Македонија ДИМОВСКИ: Денес пак да твитаме за бабичките и дедовците што чекаат ред...

ДИМОВСКИ: Денес пак да твитаме за бабичките и дедовците што чекаат ред за пензија

Не стивнуваат реакциите по вчерашните случувања во Сингелиќ. Јавноста реагира што и во време на пандемија и ризик по здравјето на сите граѓани, некои повторно се поеднакви од останатите.

Само мал дел од политичарите реагираа за вчерашното дивеење, додека поголемиот дел од „активистите“ засега молчат.

Своја реакција имаше и Илија Димовски, кој порача:

Денес пак да твитаме за бабичките и дедовците што чекаат ред за пензија, млеко, леб, да платат сметки… и сето тоа во два саати… И пак да им пратиме Армија, да им го дотера умот…, пишува тој.