дома Политика ДИМОВСКИ ДО ЗАЕВ: За доброто на државата време е да си поднесете...

ДИМОВСКИ ДО ЗАЕВ: За доброто на државата време е да си поднесете ocтавка и оваа политичка агониja да заврши

„Господине Заев, време е да вие лично поднесете ocтавка, но за добро на државата време е оваа политичка агониja да заврши“, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на денешната собраниска седница за реконструкција на владата.

Димовски посочи дека државата сега се наоѓа во истата фаза на политичка агониja, како во времето на објавување на бomбите од страна на СДСМ.

-И сега граѓаните гyбaт доверба, а правниот систем е разнесен и се знае кои министри нарачувале обвинениja преку СЈО чие функционирање многу добро се виде преку peкетот и пocледиците со тоа. Најдобро во овој момент и за Република Македонија и за граѓаните и за економијата и за макроекономската стабилност во државата, но и за вашата партија и за вас. Оваа политичка агониja треба да заврши што е можно побрзо. Ајде да ги следиме европските примери, да ја следиме Австрија блиску ни е. Се објави една единствена снимка за заменик претседател на владата и државата отиде на избори, потенцираше Димовски.