Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на својот Фејсбук го коментира можното решение на спорот со Бугарија.
Тој потенцира дека решние е можно единствено со почитување на јасно изградената позиција преку резолуцијата која ја изгласа собранието минатото лето, а не преку киднапирање пратеници и пазар.
-За решавање на прашањето со Бугарија Собранието на Република Македонија (како највисок државен орган) има изградено јасна позиција преку донесената Резолуција ова лето…
За таа Резолуција гласаа сите парламентарни политички партии…
Решението на проблемот со Бугарија, според Устав и закони, мора да се бара во рамките на Резолуцијата…
Ако намерата е таква, тогаш сите партии се еднакво проевропски…
Ако намерата е да се прекрши таа Резолуција од некакво киднапирано и пазарџиско ново мнозинство, тогаш тие партии се поставени спротивно на уставниот поредок на Република Македонија…
Европските вредности значат почитување на владеење на право, а не на пазар и киднапирање на пратеници…