дома Политика Димовски: Над 1.000 луѓе од ВМРО-ДПМНЕ таргетирани по список одат секој ден...

Димовски: Над 1.000 луѓе од ВМРО-ДПМНЕ таргетирани по список одат секој ден по наместени cyдски процеси

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ вечерва во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 дебатираше со професорот Љубомир Фрчковски.

Фрчковски кажа дека во ВМРО-ДПМНЕ мора да се „свари“ некако владеењето на Груевски и дека од партијата не смеат да се прават како ништо да не се случило, а од друга страна Димовски врати дека по смената на власта над 1.000 луѓе од ВМРО-ДПМНЕ таргетирани по список одат на наместени судски процеси од политички причини.

„Професоре, над 1.000 луѓе од ВМРО-ДПМНЕ таргетирани по список одат секој ден по наместени судски процеси. Во скоро секој град во Македонија има високи функционери кои одат на наместени судски процеси. Поради политички причини, но паѓаат предметите и допрва ќе паѓаат и мене ми е жал што ќе има штета државата. Јас прифаќам сум бил предмет на замерки кога сум го дискутирал тоа за слабостите на ВМРО-ДПМНЕ“.