дома Македонија Димовски: Peториката на подeлби и меѓунационална омpaза е директно ocмислена, организирана и...

Димовски: Peториката на подeлби и меѓунационална омpaза е директно ocмислена, организирана и поттикната од Владата

Реториката на поделби и меѓунационална омраза е директно осмислена, организирана и поттикната од Владата на Република Македонија, смета поранешниот пратеник на ВМРО ДПМНЕ Илија Димовски.

-Во едно новоотворено министерство постои цел штаб на десетина квази-портали кои се задолжени да внесуваат омраза и поделби помеѓу Македонци и Албанци, со цел да се предизвика гласање за владините кандидати.

Од тој центар се поттикнува омраза.

Од тој центар се штити криминалната власт лажејќи ги и полнејќи ги луѓето со омраза и поделби.
Корист од поделбите на меѓунационална основа имаат само првиот и вториот човек во Владата, никој друг во оваа држава, пишува Димовски на Фејсбук.