дома Актуелно Директорите си ја купуваат „Комерцијална банка“ – Xapи Kocтoв испазари 1.000 нови...

Директорите си ја купуваат „Комерцијална банка“ – Xapи Kocтoв испазари 1.000 нови акции

Комерцијална банка АД Скопје преку Македонска берза, извести дека Илија Илоски, главниот оперативен директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје, купил 1.000 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје.

Вчера од Македонска берза соопштија и дека Хари Костов, главен извршен директор и претседател на Управниот одбор, исто така се стекнал со 1.000 обични акции издадени од Комерцијална банка.

Во моментов, една акција на банката се тргува по 7.789,27 денари.