дома Македонија Директорката на Инфективно: Одговорност за тpaгедијата во Тетото не треба да...

Директорката на Инфективно: Одговорност за тpaгедијата во Тетото не треба да се бара кај министерот за здpaвство

Директорката на Инфективна, д-р Милена Стевановиќ вели дека во модуларната болница во Скопје сместена до Инфективната клиника, има ПП апарати, но не и прскалки за гасење на пожар.

Прскалки за гасење пожар нема ни во зградите на клиниката, вели Стевановиќ за „Слободен печат“.

Околу дилемите околу безбедноста кои се отворија по пожарот во тетовскта болница, Стевановиќ децидна дека модуларните болници се безбедни, а опозициските партии не треба да шират паника помеѓу населението само за да добијат политички поени.

„Неетички е да се шират вести дека модуларните болници не се добри, најмногу поради доброто на пациентите. Ние мораме таму да сместуваме пациенти, а од друга страна нив им се наметнува верување дека тоа е опасно за нивниот живот“, вели д-р Стевановиќ.

Директоркта е децидна дека одговорност за трагедијата во Тетото не треба да се бара кај министерот за здравство, кај заменикот, ниту кај управата во болницата, но истрага мора да има.