дома Актуелно ДИРЕКТОРКАТА НА СОРОС СРБИЈА ЈА НАПУШТИ ДЕБАТАТА СО ВУЧИЌ: Не можеше да...

ДИРЕКТОРКАТА НА СОРОС СРБИЈА ЈА НАПУШТИ ДЕБАТАТА СО ВУЧИЌ: Не можеше да поднесе критика

Во гостувањето во емисија на телевизија „Пинк”, гостите, премиерот на Србија Александар Вучиќ  и директорката на СОРОС во Србија Јелена Милиќ, имаа тешка и жестока дебата поврзана со различни теми од политичката сцена во државата.

Во момент кога Вучиќ констатираше дека ставовите и работата на Милиќ се спротивно на интересите на Србија, таа демонстративно го напушти студиото.

Во моментот кога го напушташе студиото, Вучиќ нагласи дека се’ било однапред испланирано и дека таа му најавила на уредникот на ТВ „Пинк”, Жељко Митровиќ дека ќе го напушти студиото за да направи скандал. Иако свесен за „местенката” тој сепак решил да присуствува бидејќи се чувствува должен да ги брани интересите на граѓаните на Србија.