дома КОВИД-19 (Коронавирус) ДИРЕКТОРОТ И УШТЕ НЕКОЛКУ ЛИЦА ВО ИЗОЛАЦИЈА: Вработен во трудовата инспекција е...

ДИРЕКТОРОТ И УШТЕ НЕКОЛКУ ЛИЦА ВО ИЗОЛАЦИЈА: Вработен во трудовата инспекција е позитивен на корона вирусот

Директорот на државниот инспекторат за труд, Алајдин Хавзиу, е во самоизолација откако еден вработен во трудовата инспекција е позитивен на корона вирусот.

Хавзиу за Телма изјави дека тој и уште тројца вработени имаат негативни тестови.

Но, како што истакна тој, по препорака на епидемиолозите заминуваат во изолација.