дома Социјални Мрежи ДИРЕКТОРОТ НА КОМЕРЦИЈАЛНА ХОСПИТАЛИЗИРАН: Хари Костов доживеал инфаркт?

ДИРЕКТОРОТ НА КОМЕРЦИЈАЛНА ХОСПИТАЛИЗИРАН: Хари Костов доживеал инфаркт?

Новинарот Миленко Неделковски на својот ФБ профил објави дека добил информација дека екс-министерот за внатрешни работи, кој кратко време ја предводеше и владата на СДС, а во моментот е актуелен директор на „Комерцијална Банка“ доживеал срцев удар

 

Според информациите кои ги објави Неделковски, Хари Костов вечерва доживеал срцев удар, по што итно е пренесен на една од приватните клиники во Скопје.

Инфомакс се обиде да добие дополнителни информации од приватните клиники во Скопје, но ниту една не сакаше да коментира за информацијата.

Во периодот додека Хари Костов беше министер за внатрешни работи се случија низа на неразјаснети убиства, меѓу кои и она на Диме „Поштарот“ за кој членовите на неговото семејство тврдеа дека било по нарачка токму на Костов.

Диме „Поштарот“ беше дел од безбедносните структури во текот на 2001-та.