дома Македонија Директорот на кочанската бoлницa им се одmaздува на вмровци и на оние...

Директорот на кочанската бoлницa им се одmaздува на вмровци и на оние кои не донеле 20 гласа

Во Кочани и после изборите, продолжуваат со удбашките методи на притисок и одмазда на неистомислениците!!!, пишува на својот фејсбук профил Зоран Коцевски, кој сега е дел од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, на местото на Дарко Костовски.

Ќе си одговарате со име и презиме!!!
Имено, додека во Општа болница Кочани нема парно греење за болните, особено кај оние Ковид пациенти со кревко здравје, Директорот денес дели Решенија за преместувања на други работни места на членови и симпатизери на ВМРО ДПМНЕ. Меѓудругото не се поштедени и оние кои не оделе на состаноци и митинзи и оние кои немаат однесено 20 побарани гласа…да, да, не се поштедени ниту лекарите ниту медицинските сестри!?

За нив се штанцаат отказни решенија и се држат во фиока.

Притисоците продолжуваат и после изборите.

Победата на ВМРО ДПМНЕ од 16 гласа е толку болна за локалните директори на претпријатија, што не бираат начини и средства во нивните болни амбиции.

За сите ќе има одговорност!!!