дома Македонија Диpeктор на СДCM си ја вpaботил сопpyгата, caм ја интepвјуирал

Диpeктор на СДCM си ја вpaботил сопpyгата, caм ја интepвјуирал

Директорот на СОУ „Гошо Викантиев“ од Кочани, си ја вработил сопругата како наставничка по граѓанско образование, за што платил казна од само 250 евра, јавува Сител.

Државната комисија за спречување корупција утврдила дека директорот сам го спровел интервјуто за вработување, иако можел да се изземе и да не постапува, а разговорот можеле да го реализираат и неговите двајца заменици.

Сепак, тој решил да го потпише договорот за вработување, независно што се работи за неговата сопруга.

Работното место, наставник по граѓанско образование било предвидено согласно систематизацијата, а огласот бил објавен преку Агенцијата за вработување. Сопругата на директорот била единствената која се пријавила. Сега, откако казната е платена, таа си останува на работното место.