ДКСК кoнтpa Заев зa ешaлoнитe кaдe имa кopyпциja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Антикорупциската комисија смета дека нивните постапки кои ги водат за министри, директори и раководители јасно укажуваат дека таканаречениот трет шалтерски ешалон не е во можност да одлучува за случаите кои ги работи ДКСК.

Од комисијата нагласуваат дека корупцијата има многу поширока дефиниција и дека таа не е само мито или земање подароци.

Состојбите кои произлегуваат од постапките што ДКСК ги  води и за кои постојано укажува на своите јавни седници говорат за  утврдени состојби на злоупотреба на функции од страна на пратеници, министри, директори, членови на управни и надзорни одбори . Злоупотребите кои комисијата ги истражува се кога се вработуваат блиски лица на функционери  или членови на партии, суптилно договарање за избор на фирми на јавни набавки, влијание на градоначалниците врз габаритите на определени објекти во ДУП-овите, политички несогласувања при избор на членови на судови, регулаторни тела и одбори, како и што за сите овие дела не се предвидени законски санкции ниту пак се процесуираат на суд.

Сите наведени злоупотреби не се одлучуваат во третиот ешалон, потенцираат од антикорупциска откако вчера премиерот Зоран Заев истакна дека главната корупција не е во министерско-директорскиот врв туку во третиот службеничко-шалтерски ешалон.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This