ДКСК: Предметот против Ѓорѓе Иванов се запира – Поранешниот претседател не сторил прекршоци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Одлука за запирање на предметот за унапредување и именување на лица во АРМ, против поранешниот македонски претседател Ѓорге Иванов, денес донесе Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) во продолжението на 57-та седница.

Директорката на ДКСК, Билјана Ивановска, посочи дека постапката се затвора бидејќи Комисијата нема понатаму што повеќе да прави, со оглед надминатата и сменетата фактичка состојба.

– ДКСК во целост ја испочитува постапката и утврди фактичка состојба во која констатира постоење индиција – сомневање за прекршување на одредба Изборниот закон. Надлежните судски органи не ги земаа во предвид бројните појаснувања и дадени од ДКСК при утврдување на фактичката состојба. ДКСК оцени дека нема елементи за понатамошно постапување и заклучи дека предметот треба да се заклучи и архивира – изјави Ивановска, посочувајќи дека унапредувањата ги направил наредниот претседател на државата.

Ивановска потсети дека ДКСК постапувајќи по добиени сознанија од медиуми и пријави од непознати подносители, отворила предмет по сопствена иницијатива во врска со потпишани укази за унапредување и именување на лица во АРМ од страна на тогашниот претседател Иванов за време на изборниот период 2019 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This