дома Македонија ДКСК ќе расправа по пpиговор поднесен од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за...

ДКСК ќе расправа по пpиговор поднесен од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ќе ја одржи 34. седница на чиј дневен ред е постапувањето по приговори доставени од учесници во изборната кампања за претстојните предвремени парламентрани избори.

Комисијата ќе го разгледа приговорот поднесен од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“ преку овластениот потписник Игор Јанушев.