March 29, 2024, 10:46 am

Дневен xopockoп за 7.јуни 2021 година

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

3984
07 јуни 2020, 08:14
Сподели
Сподели

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

На моменти ќе бидете целосно отворени и со леснотија ќе комуницирате со другата страна , а на моменти ќе се повлечете во својот свет на сништата.

Кариера

На работното место покажувате се поголема склоност кон забави , а се помалку кон сериозната работа.

Здравје и совет

Не ги критикувајте другите пред да се погледнете себеси.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Веројатно е дека ќе излезете на убава забава на место полно со уметнички вибрации и згодни луѓе.

Кариера

Изгледа дека делумно ги држите конците во своите раце. Како што сакате контрола , веднаш се чувствувате подобро.

Здравје и совет

Немојте да избрзувате.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Малку ќе се натпреварувате за тоа кој е главен во врската. Немојте да покажете тврдоглавост , зашто сите знаат дека попаметниот попушта.

Кариера

Калкулациите поврзани со млади луѓе или со креативна работа , ќе продолжи и денеска. Ќе настојувате се да изгледа интересно.

Здравје и совет

Одморете се попладнево.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Идеализам , сништа и провокации- сето тоа е можно да го доживеете денеска. Внимавајте.

Кариера

Нека не ве загрижува малото затишје на работното место. Тоа добро ќе ви дојде за малку да се приберете.

Здравје и совет

Мали недоумици , што ќе ги надминете.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе бидете силни и убедливи во љубовните активности , било да се додворувате, да сакате или да прифаќате нечие додворување.

Кариера

Работите денеска ќе ви изгледаат полоши отколку што се навистина. Затоа не носете заклучоци , туку дозволете му на времето да ја покаже вистинската состојба.

Здравје и совет

И натаму добро ви оди.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

На дневен ред ќе се појават некои работи од минатото на вашето семејстов кои ќе треба да ги решавате.

Кариера

Се што досега сте преживеале , ќе знаете добро да го наплатите. Ќе се договарате околу својот надоместок или хонорар.

Здравје и совет

Вежбајте концентрација.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Отворени сте за луѓе и нови познанаства , ги среќавате релативно лесно , но емотивното исполнување е се подалеку.

Кариера

Ќе мора да се прилагодите или да се договорите околу една соработка. Можеби нема да ви се допадне , но попаметно е да останете во игра , отколку да излезете.

Здравје и совет

Краткотраен дефетизам.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Трошокот што ќе се појави поради вашата органзиација на заенички ручек или вечера , малку ќе ве загрижи. Но, ќе вреди.

Кариера

Почнува период во кој нема да ги држите конците во свои раце , па бидете подготвени.

Здравје и совет

Кој последен се смее, најслатко се смее.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Во љубовта денеска ќе покажете нежност и страст и тоа на многу рамномерен начин. Тоа ќе биде полн погодок.

Кариера

Вашиот труд ќе се цени , но и натаму ќе бидете збунети кога станува збор за барањата што вие би ги поставиле во некоја задача.

Здравје и совет

Градете мостови на доверба.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Веројатно ќе се испитувате себеси и на тој начин ќе си ја нарушите самодовербата. Мислите дека не може подобро , ама може.

Кариера

Не треба да се споредувате со другите. Секој е единствен и има некој свој талент. Треба само да го откриете.

Здравје и совет

Вреднувајте го тоа што го работите.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Фантазијата ќе ви работи стотка на час и од таму ќе црпите свежи идеи за да го поправите односот со партнерот.

Кариера

Вашиот стил на работа веќе е за сите препознатлив, но сега и другите ќе ве прашуваатз а совет и за упатства. Помогнете им.

Здравје и совет

Мали нервози и грижи што ќе ги решите.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ќе си дозволите мал луксуз за да си го зголемите уживањето со најсаканата личност. Тоа ќе биде полн погодок.

Кариера

Направете се за вашите професионални способности да дојдат до израз и немојте да се плашите за да го покажете своето знаење.

Здравје и совет

Ќе имате интересни сништа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This